Забележителен успех на кендо натпреварувачите во Романија-освоија четири медали

Забележителен успех на Кендо клубот Јошин од Охрид на Меѓународен турнир во Романија.

Резултати:

Пионери
Михаил Миленковиќ – 3-то место
Меланија Крстевска- 3-то

Жени
Ивона Лазаровска 3-то

Ветерани
Глигор Дубровски – Борбен дух

Екипно
Мешан тим Јошин Охрид

(Александров, Велковски, Дубровски, Лазаровска, Петрески -охрид, Андоноски) – 3-то место со 4 победи над Таикен(Романија), Бугарија , Украина, мешан тим Романија-Унгарија, пораз од прв тим на Романија.

На турнирот настапија натпреварувачи од Бугарија, Романија, Унгарија, Полска, Србија, Украина, Белгија и Македонија.

За нашиот тим не учествуваа Ивановски, Пешков, Кесковски, Бојда, кои се планирани во првиот тим на претстојното Балканско првенство.

„Ни остануваат уште два помали контролни турнири, Балканското првенство, како финални подготовки пред најелитното натпреварување, Светското првенство во Милано, Италија“, велат од нашиот табор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО