За секој удар во рингот Тајсон Фјури заработи по 442.100 долари

Изминатиов викенд во Лондон на стадионот Вембли ја видовме долгоочекуваната средба меѓу Тајсон Фјури и Дилиен Вајт. Тие се бореа за титулата на ВБЦ во тешка категорија. Фјури се претстави многу добро и не му даде никакви шанси на противникот.

Тајсон победи со тежок нокаут во 6. рунда и остана непоразен во боксот. Тој ја зголеми својата статистика на 32-0-1 во боксот и повторно покажа дека е најдобриот боксер во тешка категорија во моментов. На оваа средба Фјури заработи 33.600.000 долари.

Мајкл Бенсон од Ток спорт се потруди да ги разложи направените милиони. Бенсон рече дека во борбата со Вајт Фјури заработувал 5,6 милиони долари по рунда. Џипси Кинг заработува 1,9 милиони долари во минута, 31.100 илјади долари во секунда и 442.100 долари за секој удар во рингот.

Тајсон рече дека повеќе нема да се бори во боксот, но најверојатно ќе направи уште една борба за да се обиде да ги обедини титулите во тешка категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО