За да се спаси ММА борец му ги соблече гаките на противникот (ВИДЕО)

Полската ММА организација КСВ е позната по едни од најатрактивните битки, а нејзиното последно издание ја испочитува традицијата.

Во главната борба на вечерта, Томаш Наркун се најде во непријатна ситуација притиснато на подот од Филип Де Фрис. Збрканиот Наркун немаше многу опции за одбрана … затоа одлучи да му ги повлече шорцевите на Де Фрис, па неговиот задник беше во фокусот на камерите.

Судијата направи забелешка за Наркун, а Де Фрис со насмевка си ги дигна шорцевите.

Средбата продолжи без палави закачки, но заврши со пораз за Наркун кој ја прекина серијата од седум последователни победи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON