За 91 секунда Поветкин го нокаутираше Перес од Куба! (ВИДЕО)

Povetkin Peres 22.5.2015

91 секунда траеше мечот во Москава кој се чекаше со огромен интерес меѓу ѕвездите во тешка категорија Александар Поветкин (Русија) и Мајк Перес (Куба). Токму 91 секунда му беа потребни на рускиот исполин, за да го нокаутирам својот карипски ривал. Русинот го собори Перес со десен директ. Кубинецот падна, започна да се подига, но со следниот удар Поветкин конечно го патосираше.

Дуелот беше елиминација за одредување на официјалниот кандидат за титулата на Светскиот боксерски совет.

Поветкин изрази жалење што толку брзо завршила средбата со Перес.„Се подготвува за подолга борба , а се покажа дека е мноку кратка“, се „пожали“ Поветкин.

За загревање на главниот меч, Григориј Дрозд (Русија) ја одбрани титулата на Светскиот боксерски совет во тешка категорија, откако со технички нокаут во 9-тата рунда го победи Полјакот Лукаш Јаник.

https://youtu.be/eGocpc4Yx88

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО