За 1 минута се продадоа билетите за мечот на столетието!

mani i flojd zlatni rakavici

Флојд Мејведер и Мани Пакјао на 2–ри мај ќе ги вкрстат ракавиците во борбата на столетието која ќе се одржи во „МГМ Гранд Арената“ во Лас Вегас, чијшто капацитет е 14.000 седишта.

Влезниците кои организаторот ги пуштил во продажба во четвртокот биле продадени за само 60 секунди. Цената на влезниците се движела од 1.500 до 10.000 долари, додека на ‘црно’ влезниците до самиот ринг достигнале цена и од 200.000 долари.

Оние кои ќе сакаат да го гледаат мечот преку телевизиските екрани во САД ќе мора да платат по 90 долари. Во петок на двајцата боксери ќе им биде мерена тежината, а оние кои имаат желба да го проследат настанот за тоа задоволство ќе издвојат 10 долари.

Очекувањата на организаторот се дека приходот од овој меч ќе биде поголем од 300 милиони долари, што е најмногу во историјата на боксот. Мејведер ќе заработи 180 милиони долари, а Пакјао 120 милиони долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО