Вудли ја брани титулата против Тил, Ромеро против Борачина

Тајрон Вудли во четвртата одбрана на титулата на УФЦ во велтер категоријасе бори со Дарен Тил.

Станува збор за главната борба на УФЦ 228 кој ќе се одржи на 8 септември во Далас. 36-годишниот Американец требашеда го брани појасот против привремениот шампион Колби Ковингтон, но овој се одлучи за операција на носот и привремената титула ќе му биде одземена.

Вудли последен пат титулата ја бранеше минатиот јули, кога го победи Демијан Маја по пет рунди. 25-годишниот Дарен Тил (17-0-1, 5-0-1 УФЦ) е непоразен во 18 борби. Англичанецот во полседните три настапи ги совлада Стивен Томсон, Доналд Кероне и Бојан Величковиќ.

На настанот во Далас ќе се одржи и борба за титулата во мува категорија меѓу Нико Монтано и Валентина Шевченко.

За UFC 230 во Њујорк на 3 ноември договорена е пресметката меѓу Јоел Ромеро и Пол Хенрик Коста. Непоразениот Борачина (12-0) е 4-0 во УФЦ.

За овој настан се најавени уште двеа дуели во средна категорија – оној меѓу Жакар и Дејвид Бренч, како и реваншот на поранешните прваци Лука Рокхолд и Крис Вајдман.

42-годишниот Антонио Рожерио Ногеира првата борба од ноември 2018 година и поразот на Рајан Бадер ќе ја одработи во Сао Паоло на 22 септември против Сема Алвеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON