Втора победа на Гоце Јанески во поразот на Пинк Пантер од Радник (ФОТО)

БК Пинк Пантер е поразен во второто коло на Регионалната бокс лига од Радник од Бјелина (БиХ) со 12-4.

Гоце Јанески забележа уште една победа за штипјани, а втората ја обезбеди Александар Ристевски.

Во дербито на колото, Сесвете славеше против Лазревац/Металац со 10-6, а Лозница-Славија заврши 10-6.

По првите две кола Сесвете е со две победи, а потоа следуваат Радник, Лозница, Војводина/Спартак со по една победа и Пинк Пантер, Металац и Славија се без боддови, односно победи.

Радник – Пинк Пантер  12-4

56 кг Захир Хоџиќ– Александар Ристевски

-60 кг Шакири Себастијан – Денис Муаремовски

64 кг Слободан Митровиќ – Мухамед Кадриев

69 кг Адем Фетаховиќ– Дејан Ристевски

75 кг Раденко Томиќ – Гоце Јанески

81 кг Џемал Бошњак – Никола Арсов

91кг Елвир Сендро – Марко Доциќ

+ 91 кг Дасо Симеуновиќ – Димитар Ташков

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО