Некои од најголемите ѕвезди во фудбалот и спортот ја допреа магијата на џудото. Лионел Меси, Килијан Мбапе, Нејмар и нивните соиграчи од Пари Сен Жермен тренираа со дел од елитата на боречките вештини. Во моментов францускиот гигант ПСЖ е на предсезонски тренинзи во Јапонија.
Таму во кампот е и уште еден Французин, жива легенда и заштитно лице на џудото – Теди Ринер. Десеткратниот светски шампион во друштво на Шохеи Оно и некои од најголемите ѕвезди на јапонската школа се претсатви пред запрепастените лица на играчите.
Потоа, една по една, ѕвездите на теренот се обидоа да ги повторат потезите, од кои некои беа фрлени од Јапонците.
Голманот на Париз, Кејлор Навас доби овации, бидејќи се покажа дека мал тренирал и победил на татамито репрезентативец на Јапонија. На едно од пресретнувањата Килијан Мбапе не можеше да го скрие своето воодушевување и последователно неговата реакција стана популарен ГИФ на социјалните мрежи.
Краткиот видео клип го сподели и Чарлс Оливеира, кој го држи рекордот за најмногу телевизиски победи во УФЦ. Бразилскиот „шампион без појас“ реагираше со изненадувачки емотикон на Мбапе.
😮 @kmbappe https://t.co/1mGdjQs7J4
— Charles 'DoBronxs' Oliveira (@CharlesDoBronxs) July 22, 2022
Меѓународната џудо федерација (ИЏФ) објави фотографии од ѕвездите од ПСЖ со потпишано кимоно – личен подарок од Биг Теди. Изданието собра голем број коментари, меѓу кои љубителите на боречките спортови се обединети во тезата дека е подобро фудбалерите да не се обидуваат на татами.
Така, по оваа пријатна средба на врвни борци и врвни играчи, едни ќе го продолжат кампот за Светското првенство во џудо наесен, а другите за новата сезона во Лигата на шампионите.