Хабиб се заложи за Каин Веласкез со писмо до судот

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов му испрати писмо до судијата што го води случајот на американскиот борец Каин Веласкез.

Пред неколку дена и Дана Вајт му напиша на судот и се изјасни за поранешниот шампион во тешка категорија. Пред една недела стана познато дека на Веласкез по трет пат му беше одбиена кауција. Поранешната ММА ѕвезда е подготвена да плати кауција од 1 милион долари за да биде со своето семејство за време на тековното судење.

Тоа не ја трогна судијката Шелина Браун, која уште еднаш го пресече. Нејзиното размислување е дека Веласкез не го цени човечкиот живот. Веласкез е обвинет за обид за убиство на наводниот педофил Хари Гуларте, кој блудничел со 4-годишниот син на ѕвездата.

Доколку биде прогласен за виновен, Веласкез се соочува со минимум 20 години затвор за обид за убиство.

„Ваша чест, се викам Хабиб Нурмагомедов. Во вашата земја најпознат сум како поранешен непоразен шампион на УФЦ. Го запознав Каин пред повеќе од десет години.

И двајцата трениравме во иста сала во Сан Хозе позната како Американска академија за кик бокс (АКА). Каин е еден од најпочитуваните луѓе во теретаната, каде тренираат многу пристојни луѓе.

Тој е лидер и семеен човек. Голем дел од моето време со Каинн е лично, но можам да потврдам, врз основа на сите мои интеракции со овој човек, дека тој е чесен и љубезен човек кој би направил се за своето семејство и пријателите. Тој е тип на маж кој повеќето од нас би сакале да го имаат покрај себе.

Свесен сум за обвинението за обид за убиство. Се надеваме дека тие ќе бидат ревидирани и ублажени кога ќе станат достапни повеќе детали. Штом ќе заврши оваа правна постапка, цврсто верувам дека Каин нема да претставува никаква опасност во иднина“, напиша Хабиб во писмото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО