Репрезентативците во борење Јасин Реџелари (-61 кг), Дејан Митров (-65 кг) и Бобан Данов (-125 кг) се подготвуваат во бугасркиот спортски центар Тетевен за првите Европски игри во Баку, Азербејџан.
-Подготовките одат според планот на бугарската репрезентација (која е домаќин на подготовките под покровителство на Обединетото светско борење- ОСБ). Повеќе работиме микро тренинзи и контролни борби. Избегнуваме силни зафати, поголемо внимание посветуваме на техниката, – изјави за ipon.mk селекторот репрезентацијата Лулзим Вранези.
Борачите денес имаа и контролни борби.
Како што не информира Вранези, денска ги посетил претседателот на Бугарската федерација за борење, Валентин Јорданов, олимписки шампион, седум кратен и светски и европски првак. Јораднов им поскал успех и добри тренинзи.
Секако, за очекување е и нашиот претседател на ФБСМ, Чедо Николовски, да ги посети репрезентативците.
ipon.mk/В.Д.