Стипе Миочиќ: На врвот сум во категоријата, сакам напад на појасот!

Miočić pobjeda Hunt

„Се искачив на врвот. Јас сум четврти во категоријата и само сакам да го нападнам појасот“, со ивие зборови Стипе Миочиќ ја објасни неговата сегашна позиција.

 Миочиќ семта дека по неговиоте извонредни изведби и победата над Хант не треба да постои сомнеж за следниот предизвикувач за титулата, а за ММАКанвас се осврна на победа што ја извојува во Аделаида над „Супер Самоа“.

 Без оглед на тоа дали Вердум ќе го преземе појасот од Веласкез или Каин ќе го браним, Стипе го сака следниот меч за титулата.

 „Да, го сакам следниот напад на титулата“, изјави „Пожарникарот“ за MMAKanvas.com и додаде: „Се искачив на врво. Четврти сум и само сакам напад на појасот“.

 Хант доби рекордни 361 удар, а по натпреварот изгледаше како да влегол во кошница со пчели, додека во Стипе беше во поинаква ситуација. Американскиот Хрват има отечени дланки, мала модринка под окото и мала осекотина на челото, ништо што нема да заздрави за неколку дена.

 „Марк е цврст. Можеше да ме нокаутира во секој момент, па затоа не се опуштав. Постојано морав да го зголемувам притисокот“, вели Стипе.

 Судијата Џон Шарп доби многу критики за судењето, затоа што не го прекина мечот кога на секого му беше јасно дека Хант не може да победи.

 „Јас сум борец, не судија. Тоа не е моја одлука“.

 Стипе ги коментираше честите повреди на Каин Веласкез, за ​чиј тим АКА Дана Вајт изјави дека тие се наоѓаат во каменото време, а тоа е причината за неговите постојани повреди.

 „Каин е работохолик. Секогаш слушаме како на тренинзите дава се од себе. Во последно време нема среќа“, заклучува Миочиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО