Ворен најави спектакл за 29 април: Поклонете му се на Фјури, досега боксираше само со најголемите

Боксерот од Украина, Александар Усик, сопственик на шампионските појаси на ИБФ, ВБО и ВБА, одговори на барањето на Фјури да ја исклучи клаузулата за реванш од договорот.

Му порача на Џипси Кинг да престане да игра глупави игри и да го потпише договорот.

Менаџерот на Усик, Александар Красјук изрази сомнеж дека шампионот на ВБЦ сака да избегне меч за обединување на титулата.

Но, промоторот на Фјури, Френк Ворен, истакнува дека Тајсон има „големи мадиња“.

„Борбата ќе се случи. Се е договорено, договорите се подготвени. Мора да продолжиме со преговорите и сигурен сум дека мечот ќе се случи. Сите сакаат да ја гледаат борбата меѓу Фјури и Усик“, рече Френк Ворен и продолжи:

„Тајсон Фјури е единствениот во тешка категорија по Али, Форман и Фрејзер, кој се бореше со најдобрите боксери од својата генерација, сите мора да му се поклонат. Боксуваше против Кличко, кој беше најдобар во тој момент. Отиде на неговиот терен и го претепа. Тој беше три пати во САД и таму го победи Дионтеј Вајлдер. Сега ќе се бори со борец кој двапати го победи Џошуа и има три појаси. Често зборуваме за Ленокс Луис, но тој никогаш не се борел со Ридик Боу, а се борел со Мајк Тајсон кога бил далеку од своите најдобри денови. Ленокс Луис беше одличен борец, но Тајсон Фјури се бореше најдобрите додека беа на врвот“.

Ворен најавува врвен меч и одличен боксерски спектакл.

„И двајцата се непоразени и се на врвот на својата кариера. Тоа ќе биде фантастичен настан, кој ќе донесе најголем профит од сите настани што се одржуваат на Вембли“, рече Френк Ворен и додаде:

„Ќе го надминеме последниот настан кога боксираа Фјури и Вајт. Не мислам само на боксот, туку на сите настани што ќе се одржат на Вембли. Тоа е најголемиот меч во тешка категорија по долго време. Фјури е мегаѕвезда и среќен сум поради него“.

Мечот за апсолутен светски шампион во тешка категорија меѓу Фјури и Усук е најавен за 29 април на Вембли.

„Двете страни се договорија средбата да се одржи на Вембли. Сигурен сум дека Усик со срце сака да се бори во Украина, но тоа е невозможно со она што се случува таму“, нагласи Френк Ворен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON