Легендарниот бразилски борец Вондерлеј Силва стави крај на својата ММА кариера. Појавувајќи се на подкастот „Трокакао Франка“, 46-годишниот Силва потврди дека се пензионира, но сепак е заинтересиран за боксерски настапи.
Во текот на летото во објава на социјалните мрежи истакна дека сака поактивно да се занимава со политика. Тој исто така сака да му помогне на својот син Тор Силва на почетокот на неговата борбена кариера.
„Кога гледате како се бори вашиот син, имате сосема поинакво чувство, но на некој начин е и возбудливо. Знаеме што може да се случи во борба“, рече Вондерлеј Силва и додаде:
„Поминав низ тоа и знам дека вреди само напорна работа. Можете да бидете син на позната личност или да имате пари колку сакате, но без напорна работа и тренинг не можете да постигнете ништо. Но, тој веќе се однесува многу професионално“.
Тор ќе го има своето деби во ММА на 25 септември на Фајт мјузик шоу 2, предводено од боксерскиот меч меѓу Крис Киборг и Симоне да Силва, против Пауло Ранџел.
Во својата богата кариера Вандерлеј Силва има 35 победи, 14 порази и едно реми и еден откажан натпревар.
Во Прајд два пати се бореше против Мирко Филиповиќ. Првиот меч во април 2002 година заврши нерешено, а реваншот во септември 2006 година го доби Кро Кап со нокаут во првата рунда.
По Прајд и УФЦ, кариерата ја заврши со два порази од Белатор. Во јуни 2017 година загуби од Чаел Сонен, а една година подоцна беше подобар од Квинтон Џексон, кој го победи со прекин во втората рунда.
Легендарниот Бразилец беше шампион на Прајд во средна категорија, а во 2003 година победи и на Гран прито. Тој го држи рекордот по бројот на победи (22) во јапонската организација за боречки вештини, како и по нокаути (15).
Во Прајд, заедно со Кро Кап, го држи рекордот за најмногу победи со прекин (16).