Волт Харис му се заблагодари на легендата Оверем

Волт Харис се бореше со легендарниот борец Алистер Оверем во главната борба на УФЦ на ЕСПН 8, што се случи минатиот викенд во Флорида. Битката меѓу двајцата ветерани беше тешка, а прва за Харис по убиството на неговата посвоена ќерка. Влезе во борбата мотивиран, во која очекуваше да победи и да ја посвети победата на својата ќерка. Волт беше близу до успехот во првата рунда, откако го повреди Оверрим и скоро го заврши.

За жал на него, Алистер се опорави и успеа да ги сврти работите и да победи со нокаут во втората рунда. „Рем“ покажа големина по борбата и го прегрна противникот, додека го смируваше. Фотографијата на двајцата стана вирална на социјалните медиуми и обожавателите се восхитуваа на тоа што го направи Оверем на неговиот роденден.

„Прво, сакам да му се заблагодарам на легендарниот Алистер Оверем, кој го сподели кафезот со мене. Брат, ти си класа и легенда. Не беше моја вечер, но ќе бидам подобар. Ви благодарам на сите за вашата љубов и поддршка. Учиме и растеме. Енаја, тато те сака. Ветувам дека ќе продолжам да се борам“, напиша Волт Харис на социјалните мрежи по тешкиот пораз.

https://www.instagram.com/p/CARubxxJ6Zd/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON