Руската ММА машина во тешка категорија Александар Волков беше фатен со допинг. Тој требаше да се бори против Алистер Оверем во Санкт Петербург. Наместо него во октагонот ќе влезе ветеранот Алексеј Олејник – Боата кој во мај имаше закажан меч со Волт Харис во Отава.
Се уште не е јасно со каква супстанца е фатен Волков.
https://www.youtube.com/watch?v=LFdeOS_0Cdk
„За жал мојот меч нема да се одржи поради здравствени проблеми“ – напиша Волков на Инстаграм и додаде: „Тие не се зависни од мене. Вложив многу труд да се подготовам. Уверен сум дека наскоро ќе ме видите во октагонот“.
.