УФЦ го планира мечот Леснар – Кормиер за налето

УФЦ се уште има намера да организира меч за титулата во тешка категорија меѓу Даниел Кормиер и Брок Леснар.

„УФЦ сака Леснар да се врати, а и тој сака да се врати. Му нудат борба за титулата ако се врати, а шампионот Даниел Кормиер сака да се бори со него. Моментално нивниот меч се планира за август. Договорите се уште не се потпишани, но тоа е планот“, објави новинарот на ЕСПН, Ариел Хелвани.

41-годишниот Леснар се вклучи во антидопинг програмата на УСАДА и овој пат, за разлика од претходниот мора да помине 6 месеци на тестирање пред да се врати во кафезот.

Една година помладиот Кормиер се опоравува од повредата.

Ова значи дека Стипе Миочиќ наскоро нема да добие шанса. Второ и третопласираниот на ранг листат Френсис Нгану и Жуниор дош Сантос се борат на УФЦ 239 во јули.

Леснар (5-3-1НЦ, 4-3-1НЦ УФЦ) во 2008-ма со нокаут против Ренди Кутур во неговата само четврта борба ја освои титулата во тешка категорија на УФЦ. Ја одбрани два пати пред да биде поразен од Каин Веласкез. Последен пат се бореше во јули 2016 година против Марк Хант. Победи со едногласна одлука на судиите, но борбата дополнително беше поништена кога беше откриено дека е позитивен на допинг тестот. Нема официјална победа од 2010 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО