Волкот не настапува во циркус – во октагонот со Чимаев

Златан Ибрахимовиќ по завршувањето на фудбалската кариера си најде ново хоби.

Швеѓанецот откако ги „закачи копачките на клин“, играше падел тенис, го предизвика Ѓоковиќ, а потоа се најде и  во октагон. Ибрахимовиќ објави фотографија со Хамза Чимаев, шведскo-чеченскиот ММА борец и еден од најдобрите во велтер категорија.

Чимаев е 29-годишник роден во Чеченија, а носи прекра „Волк“. Настапува за Шведска и е трикратен шампион.

„Волкот не настапува во циркус“, објави Ибра споделувајќи фотографија со Чимаев.

Сепак, Златан веќе влезе во петтата деценија од животот, иако е таеквондо мајстор, па веројатно за него подобро е со Чимаев да остане само тренинг партнер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON