Волкановски титулата во лесна категорија ја направи фикс-идеја

Александар Волкановски (26-3) можеби претрпе два последователни порази од Ислам Махачев (25-1) во обид да ја освои титулата во лесна категорија, но тоа не го спречи во плановите да стане шампион во две дивизии. Тој дури ја претвори таа цел во фикс-идеја, судејќи според неговиот последен говор за време на виртуелната средба со навивачите пред УФЦ 298.

„Не очекувам реванш веднаш. Ќе одам да се погрижам за Илија па ќе видиме. Но, лесна категорија дефинитивно ќе се случи во блиска иднина“, ја цитира ЕСПН изјавата на Александар Велики.

На 18 февруари повторно ќе го видиме во перо категорија, каде Илија Топурија (14-0) си постави за цел да го симне од тронот.

Австралиецот со македонско потекло го освои шампионатот во својата дивизија во декември 2019 година во борба со Макс Холовеј и оттогаш не дозволува никој да му се доближи до појасот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО