Волкановски со таткото Тоде по одбраната на светската титула на УФЦ (ФОТО)

Австралискиот ултимејтфајтер со македонско потекло Александар „Велики“ Волкановски во фотографијата на денот е во прегратките на својот татко Тоде по обединувањето на титулата светски шампион во перолесна категорија.

Тоде е од битолското село Беранци и не ја пропушти можноста лично да му честита на својот 34-годишен син, кој со триумфот со технички нокаут во третата рунда над Јаир Родригез од Мексико по петти пат го одбрани шампионскиот појас во категоријата до 66 килограми.

Четири минути и 16 секунди траеше борбата во Парадајс кај Лас Вегас, прекината по серијата удари од Волкановски, од кои Родригез одвај се бранеше со рацете преку својата глава до прекинот од судијата во рингот.

За Волкановски ова е 26. победа, покрај два пораза во УФЦ-кариерата, последниот крајно контроверзен пред оваа борба од Ислам Махачев од Русија во повисоката, лесна категорија (до 70 кг).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON