Носителот на титулата во перо категорија на УФЦ, Александар Волкановски, се надева дека следната одбрана на појасот ќе ја направи пред домашната публика.
Со победата на Брајан Ортега над „Корејското зомби“ Чан Сунг Јунг, Австралиецот со македонско потекло веќе има фаворит за предизвикувачката позиција. Првично, Волкановски сакаше да ја брани титулата во декември, но тешко дека ќе ја добие таа можност против Ортега толку брзо по неговиот последен меч. Сепак, шампионот инсистира на средба, кога и да е, да се одржи во Австралија или Нов Зеланд, каде рагби натпреварите се одржуваат пред полни трибини и ширењето на Ковид-19 е релативно под контрола.
https://www.instagram.com/p/CGg-BoWA80t/?utm_source=ig_embed
„Австралија, Нов Зеланд, тука имаме публика. На мечот „Валабис“ – „Ол блекс “ (Австралија – Нов Зеланд, р.а.) имавме 30 000 луѓе. Очекуваме 40 000 за следната. Нека биде тука. Можеме да го направиме тоа. Ајде да смислиме план. Очигледно имаме борци за убистена борбена карта“, рече Волкановски за ЕСПН.