Волкановски предвидува враќање на Сехудо

УФЦ шампионот во перо категорија Александар Волкановски очекува поранешниот победник во петел категорија Хенри Сехудо да се врати во октагонот оваа година.

Според Австралиецот со македонско потекло, „Трипл Си“ повторно ќе се бори во ММА во меч за многу пари, но без да прецизира против кого. Волкановски додаде дека неговиот фокус е главно на Б1 кандидат за неговиот појас Брајан Ортега, но внимателно следи што се случува со Сехудо, кој неодамна беше повторно многу активен на социјалните мрежи.

„Навистина мислам дека тој ќе се врати. Секој гледа дека се обидува да си го поправи патот за назад. Постојано ме предизвикува. Сега забави малку. Но, очекувам таков меч да го врати во кафезот. Но, тоа ќе го стори само за вистински пари и против вистинскиот противник. Прашањето е дали УФЦ сака да му плати толку многу. Тој сака пари, но има ли некој да му ги даде? Ако се бркнат длабоко, тој ќе се врати“, коментира Волкановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON