Александар Волкановски се врати во својата татковина.
Шампионот во перо категорија беше пречекан со ’хака’ на аеродромот во Австралија. Ѕвездата на УФЦ се врати дома откако учествуваше на настанот УФЦ 294 минатиот викенд во Абу Даби.
Волкановски вторпат загуби од Ислам Махачев во борба за титулата во лесна категорија. Алекс беше нокаутиран од Дагестанецот и не успеа да стане двоен шампион. Сега ќе направи мала пауза, а во јануари планира да се врати.
„Великот“ сака да ја брани титулата против Илија Топурија. Во јануари, УФЦ има гала вечер закажана за Канада. Вака Волкановски беше пречекан на аеродром:
View this post on Instagram