Александар Волкановски, светски шампион во перо категорија на УФЦ и еден од најдобрите борци во светот, иако е роден во Австралија, тој секогаш истакнува дека е горд на своето македонско потекло.
Волкановски сега откри дека има и омилен клуб од нашата земја, а тоа е нисколигашот Младост од Беранци. Ова и не е некое изненадување затоа што неговиот татко потекнува од ова село во битолско.
Интересно е што клубот има и посебни дресови во чест на Волкановски и со нив тој гордо позираше со своите најблиски.