Волкановски: Немојте да се чудите ако почнам да го фрлам Топурија во октагонот

Шампионот во перо категорија 35-годишниот Александар Волкановски викендов на УФЦ 298 го брани појасот против Илија Топурија.

Австралиецот со македонско потекло се враќа во октагонот по поразот од Ислам Махачев. Во октомври минатата година загуби со нокаут во првата рунда.

Топурија во последно време често ја споменува возраста на Александар, а Австралијанецот со стил му одговори на последнaтa прес-конференција.

„Сакам да слушам кога луѓето се сомневаат во мене, тогаш сум најдобар. Ќе беше сосема поинаку да не загубев во октомври. Сега можете да кажете што било, но по борбата ќе имаме поинаков разговор“, истакна Александар Волкановски и додаде:

„Подготвен сум за овој млад и гладен борец. Тој не може да ме изненади, а ниту вас, борбата ќе ја направам лесна. Но, не мора да биде така. Немојте да се чудите ако го фрлам во октагонот“.

А, Илија Топурија веќе неколку пати најави дека ќе го нокаутира Волкановски, тоа го повтори и на прес-конференцијата, додавајќи дека сака да се бори со Конор Мек Грегор.

„Кога би можел да одлучам, би се борел со Конор Мек Грегор на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Тоа би било борба. А јас секогаш имам цел“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО