Владетелот на перо категоријата на УФЦ е уверен дека ќе го задржи својот трон.
Настанот УФЦ 298 во Анахајм (Калифорнија, Соединетите Американски Држави) на 18 февруари следната година ќе биде главен со борбата меѓу Александар Волкановски и Илија Топурија за титулата во перо категорија. Тоа ќе биде враќање на популарниот „Волк“ во својата категорија по уште едно „патување“ во „лесната“ каде што по вторпат загуби од Ислам Махачев во меч за појас. Добар дел од боречката публика веќе извесно време чека на пресметка меѓу Волкановски и Топурија, а актуелниот владетел во „перо категорија“ е сигурен во победата над непоразениот Грузиец.
„Овој човек мисли дека е главен, тоа е смешно. Отсекогаш сум сакал да ги заслужам моите признанија, позиции и почит, а тој добива работи што му се даваат, веројатно ни толку, но мисли дека тој е „оној“. Убавото е што можам да му одржам лекција“, изјави Волкановски за ММА Фајтинг и децидно продолжи:
„Подготвен сум, ќе му одржам лекција, ќе го понижам малку, а потоа ќе го оставам да се разбуди со себе и да дојде на своето кога ќе ми истече времето. Му треба малку понижување, а 26 е совршена возраст за тоа. Сè уште треба да го види светот, му треба срам за да може еден ден да стане голем шампион. Во моментов сака да се однесува како што постапува, а јас само ќе му одржам лекција. Ќе го засрамам, тој е доволно млад за да се врати на позитивен начин“.