Тој вели дека отсекогаш бил потценуван кога станува збор за висината, но кажа и дека досега секогаш можел да докаже дека тоа не е проблем.
Уште нешто повеќе од две недели остануваат до големиот УФЦ 284 настан во Австралија, предводен од Ислам Махачев и Александар Волкановски. Веќе сите знаат дека Волкановски реши да го нападне појасот во повисоката категорија, а на патот му застанува одличниот Махачев, но ниту еден нема да има лесна задача.
Еден од адутите што многумина му го припишуваат на Махачов е неговата физичка големина. Често може да слушнете како велат дека Волкановски е премал за Ислам и дека нема да има многу шанси во борбата, но подобро е се да им остават нив за се што зборуваат да го покажат во кафезот. Сепак, Волкановски не може да избега од впечатокот дека Махачев го потценува:
„’Ми се допаѓа тоа. Многу луѓе велат дека сакаат да бидат аутсајдери, но јас навистина сакам. Тоа е предизвик, затоа што тоа треба да им го докажете на оние кои ве поддржуваат и оние кои ве мразат. Ова се борбите што ги сакам. Постојано се обидував да го најдам тоа во перо категорија, но во лесна категорија го добивам она што го сакам. Среќен сум поради тоа бидејќи веќе ме направи подобар борец“, изјави Волкановски на Јутјуб каналот на Израел Адесања.
„Јас сум заебано мал. Отсекогаш сум бил. Едноставно тоа е така. Дури и сите во перо тежина се повисоки од мене. Дајте ми 10 секунди со кој било, нивните лица веднаш се менуваат. Одеднаш велат дека големината не е важна, наеднаш гледаат колку е добра мојата работа со нозете. Се обидуваат со мене на нозе, наидуваат на проблем. Се обидуваат да соборат, исто така проблем. Ќе направам се што треба“, додаде Волкановски.
12.2. е датумот, па нема да чекаме уште долго за овој одличен меч. Таа вечер ќе пропаднат сите теории и ќе дознаеме кој бил во право.