Волкановски: Ми се закануваше ампутација на ногата и шанса да го загубам животот (ВИДЕО)

Австралиско-македонскиот УФЦ борец Александар Волкановски ќе ја изгубеше ногата , а можеби и животот, по настапот на УФЦ 237, при враќањето во Австрлија, ако веднаш не беше хоспитализиран во болница во Чиле.

По борбата на  УФЦ 237, откако го победи поранешниот шампион Жозе Алдо во негвиот Рио де Женеиро, беше примен во болница во критична состојба и со силна инфекција на ногата.

На враќање кон Сиднеј, веќе му се слошило. Се симнал од авионот во Чиле , од каде требало да лета кон Нов Зеланд. Но, поради високата температура и отокот бил однесен во болница во Чиле, каде докторите откриле опасна бактериска инфекција.

,,Да седнев на вториот лет, инфекцијата можеше да се прошири на коските и тетивите, особено поради притисокот на воздухот во авионот. Беше толку сериозно што ми се закануваше ампутација на ногата. Постоеше шанса и да го загубам животот“, изјави Волкановски за американските медиуми.

https://www.instagram.com/tv/Bxi0-1BgUEp/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON