Кубрат Пулев почна да работи со поранешниот тренер на Усеин Болт

Додека се уште е суспендиран поради инцидентот со бакнување на новинарка Кубрат Пулев (27-1, 14 КО) најде нов тренер.

38-годишниот Бугарин неодамна потпиша договор со Топ ранг и дебитираше во САД во март со нокаут против Богдан Дину.

Неговиот нов тренер е Ангел Хередија – Мемо.

„Потврдено е дека ќе работам со Кубрат. Тој е одличен човек и ќе го подготвам да биде подготвен за Џошуа“, изјави Хередија за Бокс сцена.

Пулев е задолжителен предизвикувач на ИБФ на шампионот во тешка категорија.

Хередија од аголот го предводеше Хуана Мануел Маркез во победат со нокаут против Мани Пакијао во нивната четврта борба, а во 2009 година работеше и со Усаин Болт.

Овој поранешен мексикански шампион во фрлање на диск на почетокот на векот беше вклучен во големиот допинг скандал BALCO. Покрај тоа што беше атлетски тренер, беше и хемичар, а најдобри резултати ги постигнуваше во комбинација на хормоните за раст, тестостерон и ЕПО. Соработуваше како сведок на ФБИ и УСАДА, па не завршил во затвор. Потоа и на јавноста ги откриваше методите за користење на недозволени средства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО