Австралискиот борец со македонско потекло Александар Волкановски, ја забележа 11-та победа во исто толку настапи во УФЦ, откако убедливо го совлада Чанг Сунг- Јунг, познат како корејското зомби.
Австралискиот борец на тој начин ја одбрани титулата во перолесна категорија, а по борба за бритнаските медуми призна дека го прашал последниот противник дали сака да го продолжи мечот. Тој вели дека му било жал за него.
„Бев толку добар што почнав да се чувствувам лошо. Го прашав: „Дали си добро, дали сакаш да продолжиш да го правиш ова“? Тој тврди дека мислел дека не требало да ја продолжат борбата во третата рунда. „Изгледаше поразено, повеќето беа силни удари. Почнав да се чувствувам лошо. Зборуваше за пензија. Се чувствував лошо поради тоа што му го направив пред неговата сопруга“, откри Волкановски.
Волкановски изјави дека планира да се пресели во лесна категорија, но веднаш сака да се бори за титулата со Чарлс Оливеира, актуелниот шампион и со тоа да стане петти двоен шампион во историјата на УФЦ. Тој исто така сака да има три борби оваа година, а борбата за двојна титула би се одржала на крајот од 2022 година.
Волкановски е најплатениот борец во УФЦ со сума од 642.000 долари, пред Петр Јан кој на својата сметка инаксираше 500.000 долари