Волкановски: Како можам да се расправам за првото место со Џон Џонс?

Австралискиот ММА борец со македонско потекло, актуелниот шампион на УФЦ во перо категорија Александар Волкановски зборува за врвот на ранг-листата на УФЦ, кој му го одзеде Џон Џонс.

На почетокот на месецот се врати легендарниот „Коски“ и ја освоија титулата во тешка категорија. Џонс го нокаутира Сирил Гане за 2 минути и стана 8-ми УФЦ борец кој освоил титула во друга дивизија.

Тоа е нешто што Волкановски не можеше да го направи во февруари. Алекс загуби од Ислам Махачев и не стана двоен шампион. Сепак, остана на првото место во рангирањето, без разлика на категоријата.

Џонс го симна од врвот, а Алекс признава дека нема поента да се расправа.

„Сите сакаат да зборуваат за тоа. Ова е голема работа. Ќе бидам искрен со вас, да се биде шампион беше одлично, да се биде број 1 во светот беше уште подобро.

Џон Џонс ми го одзеде тоа. Да, имаше само една борба за три години, но што направи за да се искачи на самиот врв? Обемот на работа што го правивме е импресивен.

Тешко е да се оспроува тоа. Но, дали можеме да тврдиме дека Џонс е најдобар? Тој помина низ многу и ќе остане како еден од најголемите борци на сите времиња“, рече Волкановски за ММА Фајтинг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО