Александар Волков сака да му се реваншира на Сирил Гане

Минатиот викенд на настанот УФЦ Фајт најт 221 Мераб Двалишвили го победи Петар Јан и стигна до деветата победа по ред.

Настанот изобилуваше со атрактивни борби и интересни завршетоци, а една од нив беше и во мечот за титулата.

Во пресметката на двајца тешкаши Александар Волков со прекин го совлада Александар Романов во средината на втората рунда.

Тоа беше втора победа во низа за Русинот, по поразот од Том Аспинал пред една година. Пред Романов го совлада Жаирзињо Розенструик.

И во јуни 2021 година Волков загуби од Сирил Гане со едногласна одлука на судиите. Сега сака да се реваншира.

„Секогаш се чувствувате добро по победа. Сè беше направено совршено, бидејќи вложивме многу труд и време за тоа. Знаев што да очекувам од Романов и токму тоа го направи во борбата. И добро се подготвив за тоа“, рече Александар Волков и додаде:

„Можеби бев изненаден што не беше толку брз, но се останато беше како што предвидовме. И сега сакам да му вратам на некој од кого изгубив. Има еден одличен меч, можеби би бил интересен реваншот против Гане“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО