Волкановски ја посака титулата на Оливеира

Светскиот шампион на УФЦ во перо категорија – Александар Волкановски сака да се бори со Чарлс Оливеира. Австралиецот повика на меч со актуелниот број 1 во лесна категорија, со цел истовремено да ги освои двете категории.

Волкановски во јули ќе го брани појасот против Макс Холовеј. Сепак, тој планира и средба надвор од оваа, која ќе биде трилогија меѓу нив. Од друга страна, Оливеира го победи Џастин Гејџи во мај, но титулата му беше одземена, бидејќи не успеа да влезе во категоријата. Сепак, Бразилецот останува број 1 во неа, а појасот ќе биде заложен на следниот меч.

„Гледајќи го Оливеира, тој дефинитивно е опасен борец. Луѓето сакаат да го гледаат затоа што е возбудливо. Но, покажа дека може да биде поразен. Во последните мечеви беше на граница, за малку ќе ги загубеше. Разликата меѓу мене и него е што нема да му дадам шанса да се извлече“, се закани Волкановски.

Тој е уверен дека искачувањето во горенаведената категорија ќе биде исто толку добар како и во сегашната.

„Тоа ми се случи. Тој е опасен и ќе биде одличен натпревар, неверојатен. Но, јас сум категоричен дека можам да станам шампион во двете категории. Има време, сега Макс е во преден план“, изјави Австралиецот со македонско потекло кој има две победи над Холовеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО