АктуелноМеѓународна сценаММА

Волкановски е подготвен за Гејџи: Ќе прифатам борба за втор појас без двоумење

Шампионот на УФЦ во перо категорија, Александар Волкановски, изјави дека без двоумење би прифатил борба за титулата во лесна категорија против Џастин Гејџи доколку организацијата му понуди можност.

„Луѓето ме прашуваат дали би го направил тоа. Секако дека би“, рече Австралијанецот со македонско потекло на својот Јутјуб канал.

Сепак, Волкановски нагласи дека отсекогаш верувал дека шампионите треба да ја заработат својата шанса за втор појас. Тој потсети дека ја бранел титулата пет пати пред да добие можност да се бори за титулата во лесна категорија против Ислам Махачев.

„Доколку УФЦ ми понуди борба за титулата во лесна категорија, би ја прифатил 100 проценти. Но, веројатно Арман Царукјан треба да биде следниот кандидат“, додаде шампионот.

Волкановски неодамна го одбрани појасот против Диего Лопез, додека Гејџи стана неприкосновен шампион во лесна категорија откако го победи Илија Топурија. Евентуалниот судир меѓу двајцата би бил една од најочекуваните борби во УФЦ.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON