Водителот на ЕП во Битола Ване Маркоски: Организаторот ме избера мене поради мојата моментална популарност, не само меѓу гледачите, туку и кај колегите!

vane-markoski-so-debarleiva

Популарното ТВ лице, Ване Маркоски, е официјалниот водител и модератор на големиот ММА настан – Европското првенство на ИСФА на 3 декември во Битола, на кое ќе има професионални борби и една за европската титула, а за не аќе се борат нашиот Ристо Димитров – Чурино и Амел Шабановиќ од Црна Гора.

Можеби за многумина е изненадување што Ване Маркоски ќе води ММА настан, односно ЕП во граплинг (но ги) и аматерско ММА, на кое што ќе има и професионални борби.

isfa-plakat-so-curino

Но, дали изборот на Маркоски е случаен?

-Предлогот, да бидам водител на овој настан дојде од страна на претседателот на ISFA за Европа, г-нот Христо Илиев од Бугарија, кој ме препорачал на организаторите во Македонија. Искрено, да не бидам скромен, не сум изненаден од оваа покана, со оглед на одличните контакти и пријатели кои ги имам во Бугарија, откако бев поканет како жири на големиот моден настан „Мистер Бугарија“ и најверојатно таму сум оставил добар впечаток поради мојата работа тука. Се радувам кога доаѓаат странци во Македонија и прават нешто за мојата земја, а, се разбира, уште повеќе ме радува кога и јас на некој начин може да бидам вклучен во тоа. Со моите активности, контакти и проекти надвор од земјава, на некој начин презентирам и што ние тука работиме и имаме.

vane-markoski-na-ezero

Имаш ли познавања од боречки вештини, поконкретно на ММА?

-Големи познавања не, но секако дека сум запознаен. Јас сум активен спортист, мојот живот е посветен на работата и спортот, тоа е моја маана, убава маана. Сум гледал многу турнири за боречки спортови и мислам дека ова ќе биде одличен спектакл, а јас ќе се потрудам да го изработам својот дел во кафезот најдобро што можам, како водител и модератор, не како борец.

Што значи ова за тебе и како водител и како модератор?

-Ваков настан водам за прв пат, а причината на организаторот да ме избере мене е, како што кажаа, мојата моментална популарност, не само помеѓу гледачите, туку и помеѓу самите мои колеги и медуимски работници и бидејќи сум одговарал на овој концепт. Секој што е професионалец и си ја знае својата работа, може да се снајде во секоја ситуација. Ова е уште еден одличен предизвик за мене кој сум сигурен дека во моето работно СВ ќе остане забележан како успешен.

vane-markoski-so-elen-aviska

Имаш ли некој омилен светски спортсит?

-Да, познавам и светски ѕвезди во ММА, како Тиаго Силва.

Познаваш ли македонски спортисти од боречки спортови?

-Од Македонија најмногу ми се допаѓа борењето на Златко Петровски, Ристо Димитров – Чурино и Игор Лазаревски. Особено ми е драго што луѓе како Дејан Митровски- Урко и Андреј Георгиев –Барт прават се што можат да ја стават Македонија на светската ММА карта.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON