Еден од најсилните напаѓачи во историјата на боксот Мајк Тајсон гостуваше во подкастот „I Am Athlete“, во кој еден од домаќините е поранешниот професионален американски фудбалер Брендон Маршал.
Маршал и Тајсон, исто така, имаа некаков спаринг пред снимањето на шоуто.
Тајсон даваше изјава пред камера, а потоа водителот на емисијата почна да го провоцира и се постави во боксерски гард. Тајсон набрзо „падна“ на неговата провокација и почна да се расфрла со удари. Секако, Маршал мина без повреда во целата приказна.
Инаку, Мајк Тајсон има 55 години и е многу активен на социјалните мрежи. Некогаш најдобриот боксер на светот, тој е чест гостин на разни настани и ревии. На Инстаграм го следат повеќе од 16 милиони луѓе, додека на Фејсбук го следат повеќе од 23 милиони.