Кристијан Воденски го освои првото место на Европското првенство во кик бокс во лајт конктак во категоријата до 25 килограми за деца. Тој го совлада една година постариот Крис Барс.
Првенството се одржуваше во Ниртинген, близу Штутгард, Германија, и е во ВКУ (WKU) верзија. Оваа федерцаија е признаена во Греманија.
За Воденски ова е нов успех откако пред неколку недели на турнир во борење го освои првото место. Тој живее во Германија, а настапува под знамето на Македонија.