Од 17-20 март во Велес се одржа осмиот официјален семинар за изворниот карате стил „Уечи рју Окинава карате до“, во организација на Окикукаи Македонија – КК Окинава.
Гости инструктори на семинарот беа Милан Димитриески -6 дан ренши и Милош Кончар- 3 дан шидион од Српската асоцијација за уечи рју Окинава карате, како и инструкторот на карате клубот Окинава од Велес, Боре Видевски – 2 дан шидоин.
„На семинарот се учеа нови знаења од оваа древна боречка вештина, но и се потврдуваа постоечките преку одржаниот испит за ученички (кју) рангови. Во склоп на овој четвородневен семинар се одржа и прзентација на овој карате стил, која беше посетена од многубројна публика. Засега, овој изворен карате стил се тренира само во Велес , но во иднина се планира ширење на оваа вештина и во другите градови на нашата држава“, изјави Боре Видевски.
Ipon.mk/В. Д.