Во периодот од 11 до 13 ноември се одржа 21-от едукативен семинар по Уечи рју Окинава карате до.
Семинарот, како и секогаш, организиран од страна на Окикукаи уечи рју Македонија, односно од сенсеи Боре Видевски, носител на мајсторски појас 4 дан од Карате клубот „Окинава“ од Велес, кои се и единствен претставник за овој карате стил во Македонија.
Гостин инструктор беше сенсеи Милан Димитриески, носител на мајсторски појас 7 дан.
„На семинарот со нивното присуство не почестија и сите наши пријатели карате мајстори и инструктори од повеќето карате клубови во Велес. Но, покрај семинарските обврски, посетивме и едно од познатите доџоа каде се вежба шотокан карате во својата изворна форма, за што сме благодарни за гостопримството“, вели Боре Видевски и додава:
„Изразуваме голема благодарност до Спорт центар „Будо” од Велес, каде што се одржа семинарот“.