Во УФЦ врие од незадоволство – Мек Грегор не сака да го промовира мечот со Хабиб!

УФЦ не е пресреќен како засега Конор Мек Грегор го одработува медиумскиот дел од својата работа. Да бидеме прецизне – затоа што воопшто не го одработува.

Иако до спектаклот во Лас Вегас, кога ќе се сретне со Хабиб Нурмагомедов, останаа само уште пет недели, од кампот на Озлогласениот стигнува само по некоја фотографија. Од „валканото зборување“, по кое е толку добро познат, засега не сме слушнале ниту „в“, а во овој момент УФЦ не успеа да закаже ниту една официјална прес-конференција.

Причината е таа што Ирецот не сакаше да се согласи со какви било медиумски обврски во договорот, а сега доброволно не сака да го одработи дури и дружењето со новинарите пред УФЦ 229.

Вестите кои стигнуваат од УФЦ, а добиени се од страна на инсајдер (ги пренесува MMAMанија), велат дека челниците на УФЦ се бесни.

„Една од причините зошто не видовте интервју и слично е тој што Мек Грегор не се согласил да одработи апсолутно ништо. Нема закажани прес-конференции бидејќи Мек Грегор во овој момент не се согласи за нив. Има многу фрустрации во рамките на УФЦ пордаи однесувањето и ставот на Мек Грегор, но на крајот денот тој секогаш може да рече видете колку брзо се продадоа билетите. Цените на секундарниот пазар му одат повеќе во прилог“, се вели во текстот.

„Ова лесно може да биде најголемиот не-боксерски ППГ настан на сите времиња, а ако не оствари, единствен виновник за тоа ќе биде Конор Мек Грегор кој воопшто не се труди“, се додава во текстот.

Наводно, во УФЦ дополнително се незадоволни, бидејќи се согласиле со сите барања на Мек Грегор, па и на распредлабата пари која не им оди во прилог. Се чини дека овој пат Ирецот доби многу поголем дел од „колачот“ од ППГ од вообичаеното. Но, ниту тоа не го одоброволило да се занимава со медиумите.

„Овој пат  Мек Грегор успеа да договори најголем процент на заработените пари во однос на сите досегашни борби во УФЦ. Затоа би било логично и најмногу да се труди околу промоцијата. Но сето ова можеби покажува дека навистина е свесен дека го чека тешка работа и дека не сака да си го расипува ритамот на тренингот“, се заклучува во текстот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON