Поранешниот светски шампион во тешка категорија кој се пензионираше непоразен, Роки Марчијано, загина на денешен ден пред 46 години.
Марчијано кој следниот ден ќе го прославеше 46-от роденден загина со уште две други лица во пад на спортски авион Цесна.
Се повлече во септември 1955 година, со 49 победи и без пораз и нерешен меч, остварувајќи во овие 49 победи 43 нокаути.
Марчијано е единствениот шампион во тешка категорија кој се пензионираше непоразен и без нерешен натпревар. Успешно ја одбрани титулата шест пати – против Џерси Џо Волкот, Роланд Ла Старзе, Езард Чарлс -двапати, Дон Кокел и Арчи Мур. Неговиот рекорд од 49 победи без пораз, опстојува и денес, а може да го изедначи Флојд Мејведер по борбата со Андре Берт.
Иако тежел само околу 86 килограми, поседувал извонредна моќ. И покрај тоа што бил многу тешкаш, неговиот процент на нокуати од 87,75 отсто е еден од најголемите во историјата на тешката категорија.
Касиус Клеј (Мухамед Али) по смртта на Роки, изјави:„Го запознав неодамна за време на снимањето. Беше толку голем и популарен, а во ниту еден момент не покажаа вообразеност. Секогаш беше приземен“.
„Смртта на Роки беше најтажната вест која ја добив во животот. Роки имаше добро срце. Сите што имаше му го даде на боксот“, изјави Џо Луис.
https://youtu.be/sD5uOEpV3zE
https://youtu.be/V7zuh1E1PgA