Мануел Чар, предизвикувачот на Виталиј Кличко, е застрелан во Келн за кебап!

Charr upucan-crop

Германскиот боксер со сириско потекло во тешка категорија, Мануел Чар (30), се здобил со повреди од огнено оружје пред еден ресторан во Есен, пренесуваат германските медиуми.

Според локалните медиуми, околностите под кои се случил инцидентот биле нејасни, а за среќа повредите со кои се здобил Чар не биле опсни по неговиот живот.

Manuel Car Klicko

Чар ѝ е познат на пошироката јавност по борбата со Виталиј Кличко за титулата во тешка категорија во верзијата WBC. Оваа борба се одржа пред четири години во Москва, а победи Кличко со нокаут во четвртата рунда. Шар во кариерата има вкупно 28 победи во 32 борби.

Медиумите во Германија пишуваат дека Чар со пријателите бил во еден бар, а потоа наминал во еден ресторан по кебап. Таму тој влегол во вербална расправија со неколку други лица, а едно од лицата извадило пиштол и пукало во боксерот.

Чар веднаш бил префрлен во најблиската болница каде бил опериран и според последните информации неговата состојба е стабилна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО