Во среда вонредно Собрание на ФБСМ за излез од кризата

 

Bogdanov-Hamikoev

Во среда (28 декември 2016 г.) Федерaцијата за боречки спортови на Македонија ќе одржи вонредно Собрание на кое ќе се избере нов претседател и нов Управен одбор. Собранието ќе се одржи во Скопје во хотелот „Буши“ со почетокот во 13 часот.

Иницијативата е двата најуспешни клуба во последните години Лирија и Балканец, со поддршка од Тефејуз и Бучим. Лирија и Балканец ќе влезат со сопствени средства да ја одблокираат сметката на Федерацијата во висина од 80 илјади денари спрема хотелот Вип од Скопје, за да може да се добијат средтсва од Агенцијата за млади и спорт во 2017 година. Потоа ќе треба да се изнајде можност и да се платат 20.000 евра на Обединетото светско борење (ОСБ/UWW), за да се симне суспензијата на ФБСМ и нашите борачи да може да настапуваат на меѓународните турнири и првенства.

Еден дел од инициајторите истакнуваат дека во Управниот одбор треба да влезат млади и амбициозни луѓе кои знаат, можати сакат да му подадат рака на боречкиот спорт и да се извлече од провалијата во која се наоѓа. Да се постават тренери со лиценци за сите репрезентативни категории. Да се обезбеди комплет спортска опрема за репрезентативците кои ќе ги бранат боите на Македонија. Да се направи ревизија на финанското работење за последните два олимписки циклуси.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON