Во Србија е убиен поранешниот ММА борец – Радош Јоксимовиќ

Во Србија е убиен поранешниот ММА борец, Радош Јоксимовиќ. Тој е убиен во вторникот вечерта во ресторан во Крагуевац.

Убиецот пристигнал со мотор, влегол во ресторанот Нептун во Крагуевац со кацига, отишол до масата на која се наоѓал Радош Јоксимовиќ со пријателите и испукал два куршуми во него. Потоа мирно си заминал од местото каде што било извршено убиството.

Настанот се случил во вторник околу 20 часот, Јоксимовиќ веднаш бил префрлен во болница каде што им подлегнал на повредите.

Ова не е прв напад врз Јоксимовиќ, на него е пукано и во 2016 година, но го преживеал тој напад. Тој е поранешен српски ММА Борец, а кариерата ја завршил во 2015 година.

Српските медиуми пишуваат дека полицијата привела едно лице кое се сомничи дека го извршило нападот. Околу болницата имало многу обезбедување поради тоа почнале да се собираат пријатели на убиениот и да се закануваат со одмазда.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО