Светот на спортот го потресе веста за смртта на фудбалската легенда Диего Марадона, кој почина на 60-годишна возраст. 25 ноември ќе остане тажен ден во историјата на спортот, откако срцето на аргентинската величина застана засекогаш.
Познат по неговите феноменални настапи на теренот, но и по контроверзното однесување надвор од теренот, „Божјата рака“ го пренесе својот талент, макар и на кратко, во боречките вештини.
Во април 1996 година, Дон Диего го исполни ветувањето кон својот пријател Сантос „Фалучо“ Ласијар, кој ја освои светската титула во мува категорија во 1981 година, и влезе во рингот против него на 15-годишнината од освојувањето на титулата. Марадона се појави на егзебицискиот меч со кацига во боите на омилениот клуб Бока јуниорс, за кој сè уште играше. Мечот траеше три рунди. Во еден момент од борбата, двајцата престанаа да се борат и го „нападнаа“ судијата. На крајот, мечот заврши нерешено.