Во сообраќајна несреќа загина 21-годишна ММА борачка

21-годишната Шали Лип загина во текот на викендот во сообраќајна несреќа во Колорадо, САД, објави Спортскееда.

Нејзиниот автомобил во неделата околу 11:30 часот се судрил со џип и таа починала на лице место. Патниците во другото возило избегале со полесни повреди, а од полицискиот извештај се гледа дека во несреќата Лип била единствената што не го носела појасот.

Младата спортистка требаше да се бори за две недели на главниот настан на Ignite Fights против Натали Кејџ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО