
Македонскиот бокс е во жалост поради веста за смртта на 19-годишниот Еди Насуфи, кој загина во сообраќајна несреќа што се случила на патот Струга-Велешта.
„Вчера околу 23:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во село Велешта, Струшко, патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот Е.Н. од село Велешта, излетало од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот Е.Н., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт“, информира МВР.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Струга, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Според спортските портали, станува збор за младиот боксер Еди Насуфи кој беше редовен репрезентативец на Македонија во повеќе возрасни категориии челн на струшкиот клуб Синди.
Насуфи беше член на македонската боксерска репрезентација во повеќе возрасни категории и важеше за еден од перспективните таленти во спортот. Своите први чекори во боксот ги направи во клубот „Синди“ од Струга.
Еди Насуфи потекнуваше од струшкото село Велешта, а боксерската јавност во Македонија го гледаше како иднина на спортот.
Нека почива во мир.



