Во Скопје почна семинарот за лиценцирање на тренери со ИБА 1 ѕвездичка

Во Скопје почна семинарот за лиценцирање на тренери со ИБА 1 ѕвездичка со претседателот на Инструкторска комисија на ИБА, Габриеле Мартели од Малта.

Мартели една недела ќе држи предавања, а потоа ќе има полагање – теоретски и практичен дел.

Ова е чекор напред во работата со тренерите и нивното унапредување. Тоа подразбира фаќање чекор со европските и светските трендови.

Мартели претходно истакна дека сака да ги види македонските тренери како работат.

„Почитувани тренери и учесници на ИБА семинарот за лиценцирање на тренери со 1 ѕвезда дозволете ми да ви изразам најискрени пофалби и најтопли од името на Националната боксерска федерација да ви посакам добра работа.

Овој семинар за лиценцирање на тренери претставува важна пресвртница во вашата кариера и во развојот на боксот во нашата земја. Вашиот труд и посветеност не само што ќе ви обезбедат лиценца, туку и ќе придонесат за зголемување на квалитетот на тенингот и развојот на нашите боксери.

Сакам да ви посакам најголем успех на овој семинар. Нека вашиот здружен труд и искуство ви помогнат да го постигнете вашиот целосен потенцијал како тренери.

Ви благодарам на сите вас за вашиот придонес кон напредокот на нашиот спорт и ви посакувам се најдобро во идните ваши напори“, рече на почетокот на семинарот претседателот на Боксерската федерација на Македонија, Фатон Салиху.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО