Во Штип почнаа подоготовките на репрезентацијата за „Златниот гонг“ (ФОТО)

Од вчера почнаа подготвоките бокс репрезентацијата на Македонија во Штип кои ќе трајат до 8 номеври, односно до „Златниот гонг“. На прозивката на селекторот Петре Чурлиновски од 9 босери шестмина се одѕваа и тоа: Алим Насуфи, Лулзим Исмаили, Артан Алиу, Јасин Лама, Исак Ибраимов, Гоце Јанески и Алмир Нуришов.

„Шестмина се присутни на подоготовките. Моментално Гоце Јанески е на поштеда за да ја санира задобиената повреда во 10.коло на Регионалната боксерска лига. Поради размислувањето на тренерот на Тернипе двјаца нивни членови останаа да се подготвуваат со клубот. Ќе нагалсам дека шанса за настап на меѓународните турнири „Адем Јашари“ во Приштина и „Златниот гонг“ во Скопје ќе настапат боксерите кои се на подоготовки со репрезентацијата“, нагласи селекторот Чурлиновски на кого во подготовките му помага тренерот Фатон Салиху.

Подоготовките се одржуваат во салата на БК Баргала и се состојат од три тренинзи дневно. Првиот тренинг е на стадионот на ФК Брегалница, а вториот од 12 часот е за техничко-тактичко усовршување на елемнти со секој боксер поединечно, додека тетиот е од 18 часот, кој е и главен.

На 30 октомври на подготовките ќе се придружат и боксерите на Србија, а потоа заедно двете репрезентации ќе заминат на Зланиот гонг, а по завршувањето на Гонгот двете селекции ќе отаптуваат на Златибор на подготовки за Златната ракавица во Белград на 24 и 25 ноември.

На 3 и 4 ноември репрезентативците ќе учествуваат и на Меѓународниот турнир „Адем Јашари“ во Приштина.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON