Бобан Данов: Чест и задоволство е достојно да ги бранам боите на нашата држава!

Бобан Данов – Б’зи и Семир Авдиќ од 25 до 30 октомври ќе настапат на „Претседателскиот куп“ во кураси, спорт кој е пандан на самбото, во Астана, Казахстан. Данов ќе настапи во категоирјата над 100 килограми, а Авдиќ до 100 во спорт самбо за награда од 100 илјади евра на.

Купот е под покровителство на претседателот на Казахстан и с еодржува од 25 до 30 октомври. Првата награда е 100.000 евра, втората 20.000 и третата 5.000.

 

За поранешниот репрезентативец во борење ова е нов предизвик, па затоа се поставуваат прашањата колку е далечно или блиско самбото до борењето; што го натерало да се испроба во овој спорт.

„Како прво, ова е нов спорт за нас, кураси (кураш). Досега не сме го гледале и малку е поразлично од слободниот стил. Повеќе наликува на грчко-римски стил во кимоно“.

Колку е мотивирачка паричната награда?

„Наградата е доста мотивирачка! Вреди да се учествува. Ова е едно ново искуство, многу е различно и од самбото. Немав кој знае какви подготовки, тренирам секој ден тоа што го знам, веќе еден месец. Тренирам во кимоно. За овој спорт можам да кажам дека е доста развиен  во руските земји, а кај нас се уште непознат“.

Наскоро ќе настапиш и на СП во Сочи. Дали ова е главната проверак за СП?

„Благодарение на Ердал Факиќ кој ме повика да бидам дел од репрезентацијата на ова натпреварување. Чест и задоволство ми е да настапам и достојно да ги бранам боите на нашата држава“.

„Во преговори сум со Ердал да настапам и на Светското самбо првенство во Сочи. Нема да застанам тука, со помош на Факиќ и луѓето околу него ќе продолжам со настапи. Во оваа прилика сакам да искажам голема благодарност до самиот Едо, Славчо Тодоров  и моите спаринг партнери Аце Арсов и Благој Арсов“.

Тренерот и водач на патот Славчо Тодоров исто така очекува добар настап на нашите репрезентативци кои утре заминуваат за Астана.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО