Во сабота во Демир Капија се одржува вториот „Тиквешки кик бокс турнир“ во организација на КБК Будо од Демир Капија.
На турнирот ќе учествуваат пет клуба од Македонија: КБК Будо – Демир Капија, КБК Будо-Кавадарци, КБК Гладијатор Неготино, КБК Будо-Велес и КБК Гладијатор -Штип.
„Веќе е затворен списокот и на истиот се пријавени околу 50 борци. Сите ќе се борат во кик лајт дисциплината и ќе има околу 25 борби. Отворена покана до сите љубители на боречките спортови , да ја запознаат оваа боречка вештина каде во државата по преземањето на новото раководство во КБФМ е во значителен подем“, вели Александар Ристовски од КБК Будо.
Борбите почнуваат во 19 часот.
Ipon.mk/В.Д.